Како се засили Академимја Пандев за новата сезона

Академија Пандев минатата сезона заврши на третото место во Првата лига и го освои Купот на Македонија.

АРХИВА

АРХИВА

„Пандевци“ најрано ги започнаа подготовките за новата сезона во ПМФЛ, а стартот ќе им биде тежок, зошто веќе во првото коло се среќаваат со шампионот Шкендија на „Младост“ во Струмица.

Во екипата на Академија Пандев нови имиња се Маслаќ, Рајковиќ, во екипата се врати и Танушев, додека голманот Чубраковиќ кој беше херојот на финалето со одбраната на пеналите од финалето од Купот го продолжи договорот со клубот од Струмица.

Генерално екипи од Првата лига оваа лето како никогаш до сега не беа активни на пазарот.

Два трансфери кои најмногу привлекоа внимание се бразилскиот интернационалец Хуан Фелипе кој од Вардар премина во директниот ривал Шкендија и искусниот Дејан Блажевски кој го засили составот на Македонија Ѓорче Петров.

Comments are closed.