Тренчовски и во новата сезона ќе ја води Академија Пандев, кои се тренерите на другите екипи од ПМФЛ

Во новата сезона осум екипи ќе бидат водени од страна на тренерите од минатата сезона, а кај две екипи ќе има нови тренери.

Југослав Тренчовски - тренер на Академија Пандев

Академија Пандев и во новата сезона ќе биде водена од Југослав Тренчовски. Тренчовски минатата сезона со „Пандевци“ заврши на третото место на табелата во ПМФЛ и го освои Купот на Македонија, откако Академија Пандев беше поуспешна во изведувањето на пенали против екипата на Македонија Ѓорче Петров.

Освен Тренчовски, уште седум тренери остануваат на клупата на екипите кои ги воделе и во минатата сезона.

Ќатип Османи и во следната сезона ќе го води шампионот Шкендија, Горан Симов останува на клупата на Силекс, повратникот Борец од Велес и во новата сезона ќе биде воден од Горазд Михајлов.

Умит Каран кој е единствен странец во Првата лига, ќе биде на клупата на Шкупи и во новата сезона. Александар Васоски ќе го води најтрофејниот тим во државата, Вардар.

Новајлијата во елитата, Струга Трим Лум останува со истиот тренер од минатата сезона, тоа е Јетон Беќири, додека Александар Таневски ќе биде истиот тренер на Македонија Ѓорче Петров.

Нови тренери во новата сезона ќе бидат Александар Влахо на клупата на Работнички и Бујар Исљами на клупата на Ренова.

Ќатип Османи од минатата сезона ја има шампионската титула и истата ќе ја брани, додека Југослав Тренчовски го има трофејот од Купот на Македонија кој ќе го брани во Куп натпреварувањето.

 

Comments are closed.