Куп на Македонија: Беласица против Охрид

Денеска во просториите на Фудбалската федерација на Македонија, се одржа ждрепката за Куп-натпреварувањата.

Во првото коло од Купот на Македонија, Беласица ќе игра против екипата на Охрид, останатите двојки се следниве: Фортуна – Силекс, Кожув – Ренова, Кравари – Лабуништа, Саса – Вардар, Кит-Го – Пелистер, Црнилиште – Брегалница, Локомотива – Струга, Велазерими – Работнички, Љуботен – ТИквеш, Превалец – Борец, Осогово – Победа, Гостивар – Шкендија и Тетекс – Шкупи.

АРХИВА

АРХИВА

Слободни во првото коло ќе бидат минатогодишните финалисти Македонија ЃП и Академија Пандев.

Титулата оваа сезона ќе ја брани Академија Пандев, која во ланското финале, кое се играше на Националната арена „Тоше Проески“ во Скопје, победи над Македонија Ѓорче Петров по изведувањето на пенали.

Првите натпревари од овогодишниот Куп ќе се одиграат на 21 август.

Од ФК Беласица на нивната официјална фејсбук страница напишаа:

„Во 1/16 финале во купот на Македонија противник ќе ни биде ГФК Охрид Лихнидос.

21.08.2019 ГФК Охрид Лихнидос- ФК Беласица
24.08.2019 ФК Беласица – ФК Кит Го-Пехчево“

Comments are closed.