Беласица сезоната ја стартува против Кит-Го на Младост

Денес во просториите на Фудбалската федерација на Македонија, преку ждрепка беа одредени паровите од првото коло од двете Втори лиги, Исток и Запад.

АРХИВА

АРХИВА

Ждрепката посака Беласица сезоната да ја отвори против Кит-Го од Пехчево на „Младост“ во Струмица, Саса ќе игра на домашен терен против Победа од Прилеп, Осогово од Кочани на свој терен ќе игра против повратникот во Втората лига екипата на Питу Гули од Крушево. Плачковица во Радовиш ќе ја пречека Брегалница, додека дерби на колото ќе биде Кожув – Тиквеш, двете екипи кои минатата сезона беа главни конкурентни за второто место и баражот за Прва лига.

Во Втората лига – Запад, ждрепката ги одреди следниве парови: Охрид – Велазерими, Гостивар – Дрита, Кораб – Скопје, Пелистер – Вардар Форино и Кадино – Лабуништа.

Сезоната од Втората лига започнува на 24 август, кога и официјално ќе се одигра провото коло.

Comments are closed.