ЗКУ “СЦЕНА” започнува со имплементација на проектот “Аудиовизуелните уметности како начин за задоволување на потребите на граѓаните и развој на локалната заедница”

Здружението за култура и уметност “СЦЕНА” започнува со имплементација на проектот “Аудиовизуелните уметности како начин за задоволување на потребите на граѓаните и развој на локалната заедница”кој што е финансиран од страна на општина Струмица како дел од Г1 програмата.

зку сцена 2Како главна цел на проектот се јавуваат интензивирање на соработката и зголемувањето на засегнатите страни и културните работници врз културните политики, воспоставување одржлив систем за соработка и координација меѓу општината, институциите, граѓанскиот сектор и средните училишта за зголемување и развој на капацитетот на младите луѓе, како клучен елемент за развој на заедницата. Како соработници при реализација на проектните активности планирано е здруженито активно да ги вклучи трите средни училишта и општината бидеќи главната целна група опфаќа млади лица од 15 до 24 години, додека приоритетната област е културата и уметноста во образовниот систем и како на тој начин да се влијае и на остатокот од заедницата.

Во следнот период ќе се започне со реализација на активностите од правата фаза на проектот кој ги опфаќа сите подготвителни активности за овој проект како и дефинирање на концептот за имплементација согласно планот за реализација на активностите и во тој контекст управување со проектниот циклус.

Исто така во оваа подготвителна фаза заеднички со соработниците ќе се утврдат и дефинираат деталите за реализација на сите планирани активности и обуки кои треба да вклучат млади луѓе од Струмица и како да се искористат сите ресурси на располагање со цел ефективно постигнување на сите очекувани резултати заради одрзливост и долгорочен импакт врз локалната заедница. Целокупната имплементација на проектот ќе биде во времетраење од 6 месеци.

Comments are closed.