Само Академија Пандев и Силекс од источниот дел во Прва лига, Шкендија ќе ја брани титулата

Од утре започнува новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Во новата сезона ќе има еден дебитант, односно екипата на Струга Трим Љум за прв пат ќе се натпреварува во елитата, додека останатите девет екипи веќе играле во Првата лига.

Најмногу екипи има од Скопје, дури четири, две екипи од Тетово, додека од источниот дел на државата ќе се натпреваруваат само Академија Пандев и Силекс од Кратово.

АРХИВА

АРХИВА

Оваа сезона титулата ќе ја брани Шкендија од Тетово, која две сезони во низа ја освојува Првата лига, па оваа сезона ќе се обиде да стигне до трета последователна титула, односно да направи хет-трик во титулите.

Вардар има најмногу титули во Првата лига, вкупно десет титули, Работнички е втор со четири титули, екипата на Силекс три пати ја има освоено Првата лига, исто толку има и Слога Југомагнат и Шкендија, Победа од Прилеп која минатата сезона испадна од Првата лига, има освоено две титули, по една титула имаат Македонија Ѓорче Петров и Ренова.

Вкупно осум екипи ја имаат освоено првата лига. Од формирањето на Првата лига, првите три сезони Вардар бил шампион, потоа доминацијата преминала кај Силекс од Кратово, кој исто така три сезони во низа бил шампион. Истото се случува и со Слога Југомагнат, која во три последователни сезони е шампион во Првата лига, и тоа во сезони 1998/99, 1999/00 и 2000/01.

Вардар потоа повторно освојува две титули, за да во сезона 2003/04 титулата ја освои Победа од Прилеп. Работнички Кометал две сезони во низа бил шампион на Македонија, додека во сезона 2006/07 Победа од Прилеп ја освојува својата втора титула. Следната сезона Работнички Кометал повторно е шампион, додека во сезона 2008/09 Македонија ЃП ја освојува својата прва титула. Ренова во сезона 2009/10 исто така ја освојува својата прва титула. Шкендија од Тетово во 2010/11 година е новиот шампион. Две сезони во низа Вардар повторно ја освојува титулата, додека во сезона 2013/14 Работнички ја освојува својата трета титула во Првата лига.

Во сезоните 2014/15, 2015/16 и 2016/17 Вардар повторно прави хет-три и освојува три тутили. Последните две сезони, 2017/18 и 2018/19 Шкендија е шампион на Македонија.

Оваа сезона Шкендија ја брани титулата и ќе се обиде да дојде до свој прв хет-трик во освојувањето на титули.

Во минатата сезона покрај Академија Пандев, во Првата лига се натпреваруваше и Беласица, со што Струмица имаше два прволигаши и гледаше градско дерби во Првата лига, но Беласица не успеа да избори опстанок, откако сезоната ја заврши на деветтото место, испадна во Втората лига – Исток.

 

Comments are closed.