Академија Пандев против Шкендија во сабота на „Младост“, влезот слободен

Во сабота Академија Пандев со натпреварот против актуелниот шампион Шкендија, ќе ја започне новата сезона од Првата македонска фудбалска лига.

Академија Пандев - Шкендија - Младост

Овој викенд ќе се одигра првото коло од ПМФЛ, во кое „Пандевци“ на „Младост“ во Струмица ќе бидат домаќини на шампионот од Тетово. Натпреварот ќе се игра со почеток од 17:30 часот.

Ждребот посака уште во првото коло силите да си ги одмерат шампионот на лигата и куп шампионот на Македонија. Влезот на „Младост“ ќе биде слободен.

Comments are closed.