Во сабота започнува новата сезона од Првата македонска фудбалска лига, овој викенд ќе биде одиграно првото коло.
Во сабота со почеток од 17:30 часот ќе бидат одиграни четири натпревари од првото коло, додека натпреварот помеѓу Вардар и Македонија Ѓорче Петров ќе се одигра во недела, исто така од 17:30 часот.
Со натпреварите помеѓу Академија Пандев – Шкендија, Струга Трим Љум – Работничк, Ренова – Силекс и Шкупи – Борец ќе започне и официјално новата сезона од ПМФЛ.
Во текот на утрешниот ден ќе има и официјално делегирање на натпреварите од првото коло. Титулата ќе ја брани Шкендија, додека единствен дебитант во Првата лига е екипата на Струга Трим Љум, која за прв пат ќе игра во елитата.