Екипата на Беласица одигра уште еден контролен натпревар, овој пат на гостински терен во Битола против Пелистер, каде го забележа и првиот пораз во подговителниот период.
Првото полувреме домаќините го добија со 2:0. На почетокот на второ полувреме Беласица ја намали негативата, преку голот на Мартин Мирчевски, по асистенцијата на Благој Стојанов. Кон финишот од натпреварот, Пелистер постигна уште еден гол, за конечни 3:1.
Следна контролка за Беласица ќе биде натпреварот против Кит-Го од Пехчево на „Младост“ во Струмица.