Македонската репрезентација до 18 години на силен турнир во Чешка, три играчи од Академија Пандев

Македонската репрезентација до 18 години од 19. до 25. август ќе учествува на силен контролен турнир во Чешка на кој ќе учествуваат домашната селекција на Чешка, Украина и Словачка.

ФОТО: ФФМ

ФОТО: ФФМ

Селекторот на македонската репрезентација до 18 години, Шкумбин Арслани за натпреварите кои ќе се играат во Теплице ќе смета на следните фудбалери:

Голмани: Иван Николовски (Победа), Кристојан Китановски (Вардар); Одбрана: Али Асани (Вардар), Филип Костовски (Њу Старс), Алтрим Јакупи (Шкендија), Александар Ѓурковски (Вардар), Имран Фетаи (Шкендија), Спасе Терзиев (Академија Пандев), Виктор Крстевски (Вардар); Среден ред: Димитар Тодоровски (Работнички), Лука Станковски (Работнички), Иван Николов (Академија Пандев), Бехар Фета (Њу Старс), Леонид Игњатов (Вардар), Влада Новески (Војводина, Србија), Хамза Рамани (Шкупи), Ерен Парталко (Академија Пандев), Лавдрим Љатифи (Болдклубен, Данска); Напад: Азер Омерагиќ (Вардар), Марио Илиевски (Септември Софија, Бугарија), Методи Максимов (Работнички).
Од редовите на Академија Пандев ќе има три играчи, Терзиев, Николов и Парталко. Во првиот натпревар нашата репрезентација ќе игра против Украина на 21. август, ден потоа силите ќе ги одмери со Словачка.

Comments are closed.