Во петок ждрепка за Втори лиги Исток и Запад и првото коло од Купот на Македонија

Овој петок во просториите на Фудбалската федерација на Македонија со ждрепка и извлекување на натпреварувачките броеви ќе биде одреден распоредот на натпреварите за есенскиот дел од првенствата во двете групи на Втората лига, Исток и Запад, и најверојатно и двојките за првото коло од Купот на Македонија.

АРХИВА

АРХИВА

Новата сезона во Првата лига ќе започне овој викенд, додека натпреварите од шеснаесеттина финалето на Купот, се предвидени за 21 август. Вторите лиги со новата сезона треба да започнат на 24 август, сабота, каде се предвидени 14 кола со што полусезоната ќе заврши на 30 ноември.

Како и во претходната сезона, првото место од Втората лига Исток и првиот од Запад ќе обезбеда директен влез во Првата лига, додека вторите екипи од Исток и Запад меѓусебе ќе одиграат бараж натпревар, за потоа победникот да одигра бараж со осмопласираната екипа од Првата лига.

Минатата сезона Борец и Струга обезбедија директен влез во Првата лига, додека Тиквеш го загуби баражот со Силекс за влез во Првата лига, додека пак „елитата“ ја напуштија Победа од Прилеп како десеттопласирана и Беласица од Струмица како деветта на табелата.

Comments are closed.