Екипата на Академија Пандев забележа победа на контролниот натпревар против Саса од Македонска Каменица со резултат од 2:1.
Стрелците на двата погодоци за „Пандевци“ беа Кристијан Велиновски и Марио Крстовски. Овој контролен натпревар за струмичани беше последен во подготовките пред почетокот на новата сезона во Првата лига, која ќе започне овој викенд, на 11 август.
Академија Пандев во првото коло од новата сезона ќе го пречека шампионот Шкендија на „Младост“ во Струмица.