Викендот започнува Првата лига, Академија Пандев во првото коло ја пречекува Шкендија

Овој викенд започнува Првата македонска фудбалска лига, а ждрепката која претходно беше направена во Фудбалската федерација на Македонија ги одреди паровите за новата сезона.

Akademija Pandev - Vardar - vo Skopje

Во првото коло Академија Пандев во Струмица ќе го пречека шампионот Шкендија, додека новајлиите Струга ќе игра со Работнички, а велешки Борец со Шкупи.

Вардар како домаќин ќе ја пречека екипата на Македонија Ѓорче Петров, а Ренова силите во првото коло ќе ги одмери со Силекс од Кратово на домашен терен.

Сезоната во ПМФЛ која како што рековме стартува на 11 август, треба да заврши на 17 мај, поради Европското првенство во 2020 година.

Comments are closed.