Беласица победник на меморијалниот турнир „Вуко Каров“

На меморијалниот турнир „Вуко Каров“ во Кавадарци, Беласица го освои првото место.

Беласица - екипа - турнир Вуко Каров - Кавадарци, август 2019

Вчера се одигра турнирот, каде учество земаа три екипи, Беласица, Тиквеш и Работнички. Турнирот се одигра во италјански систем, каде сите екипи одиграа меѓусебе по 45 минути. Во првите 45 минути, екипа на Беласица ја совлада екипата на Работнички со резултат од 2:0. Стрелци на головите беа Благој Истатов и Зоки Митевски.

Во вторите 45 минути, против екипата на ГФК Тиквеш, Беласица со голот на Даниел Радојчиќ победи со 1:0 и со тоа го освои првото место на турнирот.
Наградата најдобар играч на турнирот му беше врачена на Мартин Мирчевски од Беласица, а најдобар голман е Александар Игески од Тиквеш.

Comments are closed.