Дел од фудбалерките на ЖФК Тиверија Струмица одиграа ревијален натпревар на турнирот во мал фудбал во селото Ораовица, во општина Радовиш.
„Благодарност до организаторите за поканата“, напишаа од ЖФК Тиверија Струмица на нивната официјална страница.
На турнирот „Ораовица 2019“ во мал фудбал, во финалето играа екипите на Дијаспора Ораовица и Златно Зрно, каде екипата на Златно Зрно со 0:2 го доби натпреварот и го свој првото место на турнирот во мал фудбал.
Во натпреварот за третото место, Јанев Пласт загуби со 2:4 од екипата на Клими МК.