Беласица го отвара Меморијалниот турнир „Вуко Каров“

Во сабота ќе се одигра Меморијалниот турнир „Вуко Каров“ во Кавадарци, а организатор е кавадаречкиот второлигаш Тиквеш.

АРХИВА

АРХИВА

Оваа година е предвидено да се натпреваруваат три екипи, Беласица, Тиквеш и прволигашот Работнички. Системот на натпреварување ќе биде едно полувреме по принципот секој со секого. Според распоредот на натпреварите, Беласица со Работнички го отвара Меморијалниот турнир.

Во текот на вчерашниот ден, Беласица одигра контролен натпревар на „Младост“ против екипата на Осогово од Кочани, каде забележа победа од 2:1.

Comments are closed.