Беласица го одигра четвртиот контролен натпревар во овој подготвителен период, прв на Младост, кој заврши со победа од 2:1 за струмичани.
Резултатот го отвори Мартин Мирчевски во 53. минута, а во 62. минута по асистенција на Александар Милушев, Игор Паноски го зголеми водството на 2:0 за домаќините. Во 72. минута гостите го намалија резултатот на 2:1 кој беше и конечен резултат.