ФК Василево со нови засилувања се подготвува за новата сезона

Фудбалскиот клуб Василево на 25 јули ги започна подготовките за новата сезона во Третата лига.

АРХИВА

АРХИВА

Клубот од Василево за новата сезона има дури 9 засилувања, од кои 4 фудбалери доаѓаат од екипата на Хоризонт Турново, 4 од екипата на Тиверија и еден фудбалер од Детонит од Радовиш, екипа која минатата сезона испадна од Втората лига – Исток и ќе се натпреварува во Третата лига.

Подготовките за новата сезона, екипата на Василево ќе ги прави на теренот во Василево. Клубот е финансиски поддржат од Општина Василево, но има и приватни спонзори кои даваат свој допринос.

Од клубот посочуваат дека се уште не знаат во кој регион во Третата лига ќе учествуваат, велат дека не добиле засега никакви информации од фудбалската федерација за тоа, ниту пак кога би започнала сезоната, т.е. се уште ниту тоа не е прецизирано.

Comments are closed.