Секојдневни навики поради кои вашите гради се олабавуваат

Невозможно е да се избегне опуштањето на градите, особено после бременоста и доењето, но после секоја нова свеќичка на роденденската торта гравитацијата си ја покажува моќта.White uplift

Поточно кажано, со текот на времето се губи еластичноста на ткивото под кожата, поради кое вашите дојки започнуваат да изгледаат опуштено и издувано наместо цврсто.

Но, освен годините врз градите големо влијание имаат и секојдневните навики, кои би требало да ги избегнувате:

1. Брзи диети

Константното губење и враќање на тие 3-4 килограми немаат голем ефект, но ако губите и враќате по 10-15 килограми, тогаш и треба да бидете загрижени. Секој пат кога ќе изгубите и вратите килограми, ткивото на градите се растегнува и со тек на време се опушта.

2. Пушење

Дури ни вашите гради не можат да ги избегнат негативните последици од пушењето. Пушењето на цигари ја ослабува и предвремено старее кожата.

3. Не употребувате креми со заштитен фактор

Ако се изложувате на штетните УВ зраци без никаква заштита, ќе добиете брчки, но на ист начин ќе започне да ви слабее и кожата на градите.

4. Носите градник кој не ги поддржува градите

Без разлика дали станува збор за едноставен дневен или лесен спортски градник, ако вашите гради немаат добра поддршка, тогаш тие започнуваат да се олабавуваат. Ако не сте сигурни која големина ви треба, најдобро е да посетите специјализирана продавница за продажба на долна облека и да побарате помош од продавачите.

5. Повторување на истите вежби

Некои стручњаци сметаат дека константното повторување на истите движења во текот на вежбањето, како на пример на аеробик, може да предизвика опаѓање на колагенот во градите. Но, пред да се откажете од трчањето, треба да знаете дека до опуштање на градите секако ќе дојде, а физичките активности се секако здрави за вас. Па затоа размислете што од оваа листа е плус, а што минус за вашето здравје.

Comments are closed.