Беласица денес игра пријателски натпревар со Осогово

Екипата на Беласица денес на „Младост“ во Струмица ќе одигра уште еден контролен натпревар пред почетокот на новата сезона во Втората лига, со екипата на Осогово од Кочани.

АРХИВА

АРХИВА

Осогово кој минатата сезона се натпреваруваше во Третата лига, се врати и од оваа сезона ќе биде повторно дел од Втората лига – Исток, а екипата веќе има и нови засилувања за новата сезона. Беласица минатата сезона испадна од елитата, со новите засилувања и новиот тренер амбициите на клубот се враќање во Првата лига.

Натпреварот се игра со почеток во 18:00 часот.

Comments are closed.