Екипата на Кожуф од Гевгелија се засили со двајцата играчи, кои што имаат настапувано и во Првата лига. Станува збор за Тодоров и Џонов, играчи со големо искуство кои доаѓаат од Беласица.
Џонов игра по левата странична позиција и во последната линија, додека Тодоров е играч за врска.
Новата сезона во Втората лига треба да започне на 24 август, а од Кожуф најавуваат и нови квалитетни засилувања.
„Клубот со нив двајца доби огромно засилување со оглед на тоа што и двајцата беа мета на многу прволигашки клубови и клубовите од втората лига кои ќе претендираат за највисок пласман“, истакнуваат од ФК Кожуф на нивната официјална фејсбук страница.