Екипата на Беласица оваа година ќе учествува на Меморијалниот турнир „Вуко Каров“ во Кавадарци. Меморијалниот турнир го организира кавадаречкиот второлигаш Тиквеш, од каде што информираа дека оваа година за трофејот ќе се борат два второлигаши и еден прволигаш.
На турнирот учество покрај Беласица ќе земаат и Тиквеш како организатор и Работнички. Предвидено е турнирот да се одигра во сабота на 3 август, каде ќе играат во едно полувреме по принципот секој со секого.