Капитенот на македонската фудбалска репрезентација и играч на Џенова Горан Пандев го прослави својот 36. роденден, а соиграчите од Џенова му приредија изненадување на тренинг.
Струмичанецот ќе го носи дресот на калчолигашот и во наредната сезона, а неговите соиграчите во знак на неговиот роденден решија да го кренат на раце. Пандев „леташе“ во воздух, а останатите фудбалери му пееја роденденска песна.
Пандев во новата сезона нема да игра на местото напаѓач во Џенова, туку ќе го гледаме во новата улога во среден ред како плејмекер.
