Васил Гогов се сели во Вардар Јуниор

Нов голман на Вардар Јуниор кој е предводен од Стојан Петрушевски е младиот чувар на мрежата Васил Гогов. Гогов премина во скопската екипа од тимот на РК Астраион од Струмица.

Гогов важи за екстра талентиран голман, кој има одлични квалитети пред кој секако е многу работа за да се надградува и да ги стигне ракометните височини.

Vasil Gogov - vo Vardar Junior

Тој повеќе од две години работи по програма на врвниот вардаров тренер, познатиот „брусач на млади голмански дијаманти“ единствениот Александар Царчев. Истата во неговиот тим РК Астраион ја споведуваше неговиот досегашен тренер, човекот кој предано се посвети на неговиот напредок Лече Пилчев.

Гогов е 19 – годишен и перспективен голман, кој веднаш имаше шанси да ја почустувава магијата на Вардар, квалитетот на Гогов е очигледен, пред него има сигурна ракометна иднина!

Тој првивремено е дел од првиот тим со кој ќе ги работи подготовките поради ангажираноста на Марко Кизиќ со настапот на Светското Првенство. Новиот тренер на еврпскиот првак, шпанецот Писонеро бил позитивно изненаден за перформансите на новиот младиот голман. Стумичанецот веднаш имаше прилика да работи со неговиоте идоли кои ја покорија ракометна Европа.

Comments are closed.