Екипите од Втората фудбалска лига – Исток се обединија и со заеднички став одбија да платат котизација кон Фудбалската федерација, за новата сезона.
Оваа реакција доаѓа, откако се даде потврда дека второлигашките екипи нема да бидат ослободени од котизацијата, односно дека ќе треба да ја платат како и во претходните сезони. Кај прволигашите, кои ќе добијат средства од продажбата на ТВ правата, ќе се покријат средствата за котизацијата, како обврска кон федерацијата.
Се уште нема конкретен став на клубовите од Втората лига – Запад. Останува да се види нивната реакција по однос на оваа прашање.