Академија Пандев со 3:1 славеше на пријателски натпревар против Брегалница од Штип.
Иако во првото полувреме „Пандевци“ имаа негатива од 0:1, сепак во вториот дел со головите на Стефан Костов, Иван Николов и Илија Донов струмичани стигнаа до победа. До почетокот на првенството на Академија Пандев и преостанува уште една контролка против Саса Каменица на гостински терен.