Прва лига ќе се гледа на Арена Спорт и МТВ

Натпреварите од Првата македонска фудбалска лига од оваа сезона ќе бидат емитувани и на Арена Спорт и Македонската телевизија (МТВ).

PMFL na ARENA i MTV

Куќата на фудбалот официјално објави дека ги продала ТВ-правата за Првата лига на регионалната телевизија Арена Спорт и Македонската телевизија (МТВ).

ФФМ со Арена Спорт склучиле двегодишен договор, според многу најави вреден по 150.000 евра од сезона, а парите од овие ТВ-права сега ќе бидат искористени за да се намалат трошоците за котизација, кои клубовите ги плаќаа досега, па практично целата сума би требала сега да биде покриена, а со тоа клубовите ослободени од таков трошок.

Двата натпревари од секое коло (сабота и недела) ќе се емитуваат и на МТВ која телевизиски ја покрива територијата на нашата држава со директни преноси и коментар на македонски јазик.

 

Comments are closed.