Беласица го одигра вториот контролен натпревар во подготвителниот период, против екипата на Кит-Го од Пехчево.
Александар Милушев го отвори резултатот по асистенција на Дарко Размоски во 20. минута, а домаќините после 4 минути го израмнија резултатот. Во 42. минута Кит-Го имаше нереализиран пенал, одбранет од голман на Беласица, Димитар Ѓоргиев.
Во второ полувреме струмичани Имаа голем број на неискористен шанси за водство.