Беласица одигра уште еден контролен натпревар во овој подготвителен период, пред почетокот на новата сезона. Домаќините го отворија резултатот во 20. минута од натпреварот, за да во финишот на првото полувреме Беласица направи пресврт, најпрво во 41. минута со автогол и во 44. минута со голот на Александар Милушев.
Во второ полувреме Беласица имаше шанса и преку пенал да го зголеми водството, но не реализираше од белата точка.