Марио Маслаќ нов играч на Академија Пандев

Академија Пандев договори соработка со Марио Маслаќ, кој ќе ја засили позицијата централен дефанзивец.

Марио Маслаќ - Академија Пандев

Маслаќ минатата сезона настапуваше за ФК Беласица од Струмица, екипа која од оваа сезона ќе се натпреварува во Втората лига – Исток.

„Му посакуваме успешна сезона и добри настапи за нашиот сениорски тим“, истакнаа од Академија Пандев на нивната официјална фејсбук страница.

 

Comments are closed.