Љубовта на тест: Го сакате или сепак се работи за навика?

Секогаш го споредувате со партнерите на вашите пријателки и заклучокот е секогаш ист: тие се многу посреќни од вас. Ова е еден од најидеалните примери кој ќе ви докаже дека не сте во врска поради љубов, туку сепак станува збор за навика.C

Дури една петтина од луѓето не чувствуваат речиси никаква љубов во врската, но и понатаму не се решаваат за разделба.

Овие 10 знаци се едни од првите кои укажуваат дека токму и вие се наоѓате во една таква ситуација:

1. Секогаш го споредувате со партнерите на вашите пријателки и заклучокот е секогаш ист – тие се посреќни.

2. Веќе дури и не се карате.

3. “Те сакам” е само една фраза која повеќе ја изговорувате поради навика, отколку затоа што навистина мислите така.

4. Не се сеќавате кога последен пат сте имале секс.

5. Насмевка на вашето лице мамат единствено размислувањата за минатото и за тоа како некогаш ви било.

6. Сте размислувале за тоа колку финансиски би била отежната ситуацијата ако го оставите.

7. Веќе речиси ништо не правите заедно.

8. После работа се’ почесто не одите веднаш дома.

9. Се’ почесто излегувате со пријателките.

10. Барем еднаш сте помислиле да го изневерите.

Comments are closed.