Марко Рајковиќ е најновото засилување за Академија Пандев

Марко Рајковиќ е најновото засилување за екипата на Академија Пандев од Струмица.

Марко Рајковиќ - Академија Пандев

Напаѓачот кој минатата сезона настапуваше за ФК Силекс од Кратово, денес потпиша професионален договор и ќе ги брани боите на клубот од Струмица.

„Му посакуваме успешна сезона и многу постигнати голови. Во наредните денови се очекуваат уште неколку засилувања за новата сезона“, истакнаа од ФК Академија Пандев на нивната офицјална фејсбук страница.

Comments are closed.