Како да го продолжите рокот на цвеќињата

За да би траеле букетите подолго, професионалните цвеќари понекогаш додаваат посебни мешавини кои го спречуваат развојот на бактериите и дополнително го хранат цвеќето со хранливи материи. Тоа можете да го направите и сами…

flowers

Во вазната со цвеќе можете да ставите и други додатоци како издробен аспирин, неколку капки вотка, таблета со мултивитамини, малку сол или сода бикарбона, што и да изберете го продолжува рокот на траење на цвеќето.

Секако, немојте да претерате и да ставите се наеднаш, а многу е важно редовното менување на водата. При менувањето, добро измијте го и долниот дел на цвеќето под млаз вода што ќе го освежи изгледот на цвеќето.

Цвеќето без листови трае подолго
Иако можеби нема да изгледа толку привлечно, листовите сепак можат да одземат многу од енергијата на цвеќето.

Лак за коса за зацврстување на свежото цвеќе
Цвеќето подолго ќе издржи ако го напрскате со лак за коса, но не го правете тоа директно на ливчињата туку од мала раздалеченост.

Comments are closed.