Покрај сениорки на ЖФК Тиверија кои започнаа со тренинзи, од вчера започна со тренинзи и младинско-кадетската школа на Тиверија.
Тренинзите се одвиваат на Општинскиот терен со вештачка трева “Филип Лазаревски” во Струмица. Од ЖФК Тиверија Струмица на официјалната фејсбук страница, истакнаа дека се врши и уписи секој понеделник, среда и петок од 18 часот на стадионот или на телефонскиот број 077 / 737 – 978.
