Екипата на Беласица која во оваа сезона ќе се натпреварува во Втората лига – Исток, за новата сезона се подготвува во Дојран на „СЦ Истатов“.
Фудбалерите на Беласица веќе одиграа и една контролка против екипата на Кожуф од Гевгелија, каде струмичани забележаа минимална победа од 1:0. Во овој подготвителен период, предвидено е Беласица да одигра уште неколку контролни натпревари пред почетокот на новата сезона.
Во продолжение можете да погледнете од фотографиите, како екипата на Беласица се подготвува за новата сезона.
ФОТО: ФК Беласица