Екипата на Беласица која се подготвува за новата сезона во „СЦ Истатов“ во Дојран, вчера го одигра првиот контролен натпревар против екипата на Кожуф од Гевгелија, каде струмичани со минимални 1:0 дојдоа до победа.
Беласица на 24 јули треба да одигра и пријателски натпревар со Кит-Го од Пехчево, на стадионот во Пехчево.
Екипата од Пехчево во подготовките за новата сезона веќе има договорено четири контролнини натпревари. Првиот го играат со Плачковица од Радовиш, потоа со Беласица, Борес од Велес и Кожуф од Гевгелија.