Академија Пандев во четврток ќе го има своето европско деби, со натпреварот против Зрињски од Босна и Херцеговина во првото коло од квалификациите за Лига Европа.
Тренерот на Зрињски, Хари Вукас е задоволен од подготовките на неговата екипа, а кон Академија Пандев гледа со голем респект, иако најави дека не доаѓаат за туризам.
„Академија Пандев е сериозна екипа и дека тоа е така покажуваат нивните резултати. Во втората своја сезона во првата македонска лига завршија како трети, го освоија Купот на Македонија и тоа што е сигурно е дека никако нема да ги потцениме. Имаме видеа од нив, ги анализиравме, го знаеме нивниот начин на игра. Во Скопје не доаѓаме туристички“, вели Хари Вукас за „спортспорт.ба“.
Босанскиот тим во Скопје ќе допатува со 23 фудбалери.