Екипата на Академија Пандев своето меѓународно деби ќе го има во Скопје, во рамките на првото коло од квалификации за Лига Европа, против екипата на Зрињски од Босна и Херцеговина.
Главен судија за овој натпревар е Каи Ерик Стин од Норвешка. Натпреварот се игра во чеврток на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, со почеток од 19:00 часот.