Екипата на Беласица ги започна подготовките за новата сезона во Втората лига – Исток, откако минатата сезона не успеа да обезбеди опстанок и испадна од елитата.
Струмичани под водство на новиот тренер Ване Милков, ја имаа првата прозивка на тренинг центарот во Балдовци. Планирано е потоа Беласица дел од припремите да ги одработи во Дојран, на спортскиот комплекс Истатов, а исто така се предвидени и неколку контролни натпревари.
На тренинг сесиите беа присутни и неколкуте нови засилувања, кои овие денови и официјално ќе бидат преставени во јавноста.
Беласица одигра само една сезона во Првата лига, и испадна од истата, откако заврши на деветтото место на табелата.