Мали совети за совршен изглед во фустан

Жените кои имаат нагласен стомак, широки колкови или полни нозе, често не се задоволни со својот изглед кога ќе облечат фустан. Но, со добар избор на крој и долна облека, фустанот може да ви прилега совршено.fustan

V отвор – фустани на преклоп, како и оние со набран долен дел и V отвор одлично им прилегаат на сите жени. Ако имате нагласен стомак или широки колкови облечете длабок корсет. Кога станува збор за бои и дезени, крупните жени треба да бираат што поситен дезен.

А крој – крој за сите жени кои имаат широки колкови. Уште ако под него облечете корсет, ќе изгледате беспрекорно.

Струкиран фустан – секој фустан подобро изгледа ако е струкиран. Ако имате широки колкови, одберете го оној со интересни детали во горниот дел.

Comments are closed.