Информации за организираниот превоз за натпреварот Академија Пандев – Зрињнски

Информација за сите струмичани дека ќе има организиран превоз, како и обезбедена влезница за сите кои ќе патуваат со организираниот превоз. Задолжително најкасно до вторник секој заинтересиран да се пријави во канцеларијата на Академија Пандев во спортска сала „Парк“. Тргнување на ден на натпревар во 15.30 часот од паркингот на спортската сала.

Akademija Pandev - na sportskiot centar Pandev vo Strumica

„Со овој натпревар нашиот клуб испишува една нова страница во клубската историја, а нашите играчи ќе дадат се од себе да што подолго се задржат во европските натпреварувања. Затоа ги покануваме сите љубители на фудбалот да дојдат и да ни дадат поддршка и со победа да ги стартуваме квалификациите за Лига Европа“, истакнаа од ФК Академија Пандев на нивната официјална фејсбук страница.

Comments are closed.