Картите во продажба за натпреварот помеѓу Академија Пандев и Зрињски

Информација до сите љубители на фудбалот дека картите за натпреварот Академија Пандев – Зрињски се веќе во продажба по симболична цена од 100 денари. Карти може да се набават онлајн на www.kupikartizase.com , во сите продажни места низ Македонија (продажните локации можете да ги проверите на линкот подолу), како и на самата билетара на арената „Тодор Проески“ во Скопје на денот на натпреварот.

Академија Пандев - Монтана (Бугарија) - Спортски комплекс Пандев - Струмица

Информација за сите струмичани дека ќе има организиран превоз, како и обезбедена влезница за сите кои ќе патуваат со организираниот превоз. Задолжително најкасно до вторник секој заинтересиран да се пријави во канцеларијата на Академија Пандев во спортска сала „Парк“. Тргнување на ден на натпревар во 15.30 часот од паркингот на спортската сала.

„Со овој натпревар нашиот клуб испишува една нова страница во клубската историја, а нашите играчи ќе дадат се од себе да што подолго се задржат во европските натпреварувања. Затоа ги покануваме сите љубители на фудбалот да дојдат и да ни дадат поддршка и со победа да ги стартуваме квалификациите за Лига Европа“, истакнаа од ФК Академија Пандев на нивната официјална фејсбук страница.

Comments are closed.