Поинакви начини за побрз раст на косата

Новата студија објавена во списанието FASEB покажува дека лекот за глауком под името Bimatoprost може да го подобри растењето на косата. За луѓето кои се борат со губитокот на коса, ова откритие би можело еден ден да им овозможи погуста коса.kosa1

Но ако само сакате на косата да и додадете волумен, погледнете неколку „луди“ трикови на фризерот Ник Арој кој можат да ви помогнат.

1. Задржете ја вашата кратка фризура

Долгата коса има поголема тежина така што може да изгледа тенко. Од друга страна, кратката коса може да создаде илузија на дебелина. Размислете за тоа да се ишишате и да носите кратка коса ако сакате вашата коса да изгледа погуста.

2. Користете пени за волумен

Пените за волумен на косата содржат амино киселини кои можат да влијаат врз густината на влакната. Нанесете пена на влажна коса, од коренот до краевите и обликувајте ја косата како што го правите тоа вообичаено.

3. Набавете четка од свински влакна

Сушењето на косата со четка од свински влакна ќе и додаде волумен на вашата коса. Ако немате таква четка, побрзајте да ја набавите и направете вашата коса да изгледа неверојатно.

Comments are closed.