Академија Пандев загуби со резултат од 3:2 од екипата на Монтана на последната контролка пред двомечот со Зрињски Мостар.
Стрелци на головите за Академија Пандев беа Љупче Дориев и Марио Крстовски. Натпреварот се играше на спортскиот комплекс „Пандев“ во Струмица.
Останува уште точно една недела до премиерниот настап на фудбалерите на Академија Пандев во првото квалификациско коло во Лига Европа.