Како да ги симнете килограмите од секој дел од телото

Зависно од тоа која е вашата критична точка на дебелеење, сега можете да ослабете со само неколку совети.telo_dieta

1. Горниот дел од телото

Масното ткиво најмногу се собира на рамениците, градите, стомакот, грбот и на рацете до лактите.

Причината е погрешка исхрана и недостаток на вежби.

Воведете промени во исхраната кои вклучуваат внесување на 500 до 1000 калории помалку на дневна база и 5 пати неделно вежбајте по 30 до 60 минути. Препорачливи се кардио вежби (брзо одење или возење велосипед).

2. Од папокот нагоре и горниот дел од грбот

Ако се дебелеете над папокот, тоа може да биде знак за претерана работа на хормонот на стрес – кортизолот.

Трудете се да ја доведете тежината во рамнотежа преку здрава исхрана богата со влакна, витамини, минерали. Комбинирајте со вежби кои го намалуваат стресот, како јога и пилатес.

Ако пак стомакот ви е постојано подуен, без присутност на сало, тоа може да е последица од отежнато дишење и претерано консумирање на алкохол.

3. Целиот грб

Знак дека не сте доволно физички активни и дека се храните лошо, односно дека имате склоност кон прејадување или прескокнување на оброите.

Обидете се да јадете 5 умерени оброци дневно во помали порции. Покрај тоа одете, пливајте и практикувајте вежби кои ги активираат мускулите на грбот.

4. Долниот дел од стомакот, бутовите и задникот

Ако ви се собира масно ткиво во ова критично подрачје, тоа е јасен знак дека ви недостасува физичка активност.

Фокусирајте се на вежби за издржливост на долниот дел од телото, како што се возењето велосипед и кружните тренинзи.

Ако сте склони на целулит, не заборавајте да правите природни маски и облоги.

5. Стомакот, задникот и цели нозе

Масното ткиво се насобира на овие делови обично како последица од бременост.

Кај овој проблем важат истите совети како под број 4, односно поголема физичка активност која ги активира критичните делови и природни препарати кои ги топат наслагите.

Comments are closed.