Минатиот викенд Кадетската (У-17) Репрезентација на Македонија одигра 2 натпревари со соодветната репрезентација на Босна и херцеговина.
Девојките првиот натпревар го изгубија со резултат од 3:1, додека во вториот натпревар ремизираа со 2:2. Во овој натпревар првиот гол го постигна Теодора Николовска од ЖФК Тиверија Струмица.
Од ЖФК Тиверија Струмица настапија Викторија Недева (капитен), Радица Велкова, Ефимија Цунева, Теодора Николовска, Миа Головска и Хикмете Лимани.
Во стручниот штаб на репрезентацијата е тренер на ЖФК Тиверија Струмица, Славе Велков.