Академија Пандев на спортскиот комплексот „Пандев“ против Монтана

Екипата на Академија Пандев денес со почеток од 17:30 часот на спортскиот комплекс „Пандев“ во Струмица ќе има „генералка“ пред квалификацискиот двомеч во Лига Европа.

Akademija Pandev - na sportskiot centar Pandev vo Strumica

„Пандевци“ за противник ќе го имаат бугарскиот второлигаш Монтана. Влезот на спортскиот центар „Пандев“ ќе биде слободен.

Академија Пандев во квалификации за Лига Европа ќе игра против босанскиот прволигаш Зрињски. Екипата од Босна за двомечот со струмичани се подготвуваше во Словенија.

Првиот натпревар во Скопје ќе се одигра на 11 јули во 19:00 часот.

Comments are closed.