Екипата на „Академија Пандев“ во сабота ќе го одигра последниот пријателски натпревар, против Витоша Бистрица.
Пандевци во минатиот контролен натпревар загубија од екипата на Теута Драч од Албанија со резултат од 4:1. Потсетуваме дека Академија Пандев во квалификациите за Лига Европа ќе игра против босанскиот прволига Зрињски.
Првиот натпревар во Скопје ќе се одигра на 11 јули во 19:00 часот, а терминот за реваншот една недела подоцна допрва ќе се одредува.