Академија Пандев загуби на контролниот натпревар од Теута Драч од Албанија.
Иако полега се враќаат сите играчи во тимот на „Пандевци“, сепак тие претрпија пораз од 4:1 од третопласираниот тим од албанското првенство. Стрелец на единствениот гол за Академија Пандев беше Сашко Пандев со гол од слободен удар.
На екипата на „Академија Пандев“ и преостанува уште еден пријателски натпревар против Витоша Бистрица во сабота.