Академија Пандев и Зрињски се подготвуваат за Лига Европа

Академија Пандев во својот дебитански настап во квалификациите за Лига Европа ќе се сретне со фудбалерите на Зрињски.

Академија Пандев - во Бугарија

Двете екипи се подготвуваат за нивниот прв меѓусебен дуел кој е закажан за 11 јули во Скопје. Академија Пандев веќе одигра и неколку пријателски натпревари во Разлог, Бугарија, додека босанскиот прволигаш Зрињски се наоѓа во Словенија каде ги прави последните подготовки за дуелот со „Пандевци“.

Првиот натпревар во Скопје ќе се одигра на 11 јули во 19:00 часот, а терминот за реваншот една недела подоцна допрва ќе се одредува.

 

Comments are closed.